ДОМА / Најнови вести / Македонија / Bel ‘Canto од Кочани со нов кавер и најава за нов сингл

Bel ‘Canto од Кочани со нов кавер и најава за нов сингл

Вистинско есенско освежување. Најактуелниот кочански бенд  Bel ‘ Canto го промовираше новиот и прв кавер „Све је лаж“ од мега популарниот Дино Мерлин.

Каверот ги воодушеви фановите, а наиде и на позитивни критики и кај музичарите.

Станува збор за релативно млад  талентиран бенд од Кочани, полн со енергија и креативност со цел да направи нешто различно и ново на македонската сцена.

Bel ‘ Canto најавија дека ќе продолжат со нови  преработки на македонски и балкански хитови, секако во моментов работат како што велат и на нивниот прв сингл, за кој ветуваат хит и не сакаат да ги откријат деталите, велат нека остане изненадување за публиката.

За новиот млад бенд не постојат граници. Со многу работа, труд, афинитети и љубов кон работата за претежно краток период  момците со низа настапи низ земјава го остварија посакуваното, ги задоволија вкусовите на публиката.

На официјалната страна  на фејсбук  Bel ‘Canto Band ,  можете да ги следите нивните настапи низ земјава и секако да го слушнете богатиот репертоар полн со изненадувања, кој секогаш ветува добра забава.

Главниот вокал на Bel ‘ Canto е Методија Пандурски – клавијатура Лазе Крумов и Александар Јорданов. За аудио и видео пордукцијата се погрижи Јордан Манов.

Сигурни сме дека изведбата на бендот  ќе ви се допадне !

Објавено од Марија Спасова

Новинар во Канал Плус Телевизија

ПОВЕЌЕ

В петок ќе се одржи прва редовна седница на делчевскиот совет

Обемна расправа ги очекува делчевските советници кои во рамки на првата редовна седница која е ...

Free mockups