ДОМА / Најнови вести / Македонија / 80 насто субвенции за системи капка по капка

80 насто субвенции за системи капка по капка

Повисоки приноси и намалени трошоци во производство на сите земјоделски култури нуди новата мерка за поддршка на земјоделието, со која инсталирањето на систем капка по капка ќе се субвенционира 80 насто на површина до 50 хектари. Мерката за која земјоделците ќе аплицираат во ноември, а ќе се реализира идната година, дава шанса за државата конечно да ја надмине зависноста од увоз на житни култури. Планираниот буџет за една година е три милиони евра, средства од Програмата за рурален развој на земјоделството, а освен системи за наводнување, ќе се субвенционира и ископ на бунари.

Овој начин на наводнување ќе значи производство на подоходовни земјоделски култури на сушните полиња, а заштедата е повеќекратна. Колку за споредба, приносите на грозје пред инсталирање систем за наводнување капка по папка на површина од еден хектар од 15 тони се зголемуваат на 25,5 тони по примената на системот.

Пресметките говорат дека трошоците за инсталирање на системот капка по капка се враќаат за една година, а трошокот за покривање на еден хектар земјоделска површина е од 1600 до 2000 евра. Просечната сума за ископ на бунар до 50 метри е околу 2500 евра. 80 насто од овие суми идната година ќе се субвенционираат, а дополнително ќе бидат извршени и законски измени кои ќе ја олеснат постапката за добивање на водостопански дозволи за изградба на бунари. Право на овие субвенции имаат физички лица на кои земјоделството им е примарна дејност, регистрирани земјоделци, земјоделски компании и задруги.

Објавено од Славица Величковска

ПОВЕЌЕ

В петок ќе се одржи прва редовна седница на делчевскиот совет

Обемна расправа ги очекува делчевските советници кои во рамки на првата редовна седница која е ...

Free mockups