ДОМА / Најнови вести / Црн викенд на истокот, шестмина загинати во три сообраќајни несреќи

Црн викенд на истокот, шестмина загинати во три сообраќајни несреќи

Четири млади животи згаснаа вчера во две сообраќајни несреќи што се случија близу Кочани и Виница. Тројца млади страдаа во сообраќајна несреќа која се случи вчера во 2 часот на магистралниот пат Кочани-Штип, кај место викано „Чифлички бунар“ атар на с.Чифлик. Таму дошло до директен судар на автобус со штипски регистарски ознаки и автомобил “Сеат Кордоба“ со кочански регистарски ознаки. Биланс на несреќата е загинување на тројца од четворицата патници во автомобилот, на возраст од 23 до 28 години. Вчера во 2 часот се случи сообраќајна несреќа и на регионалниот пат Виничка крстосница-Виница, во близина на мостот на река Брегалница. По слетување од патот на патничкото моторно возило “Пасат“ со винички регистраски ознаки, на лице место загинал 20 годишен виничанец, возач на автомобилот. Ден претходно, во саботата околу 22 часот во сообраќајна несреќа на магистралниот пат А-3 кај место викано „Басарица“ кај Делчево загинаа двајца делчевчани на возраст од 61 и 69 години. Извршен е увид на местото на сите три несреќи, но сеуште не се познати причините кои доведоа до овие трагедии. Статистиката вели дека главен причинител на сообраќајни несреќи со фатални последици е управувањето со возила под дејство на алкохол.

Статистиката за жртви во сообраќајни несреќи на подрачјето на СВР Штип вели дека годинава до сега на патиштата на истокот животот го загубиле 12 лица, додека минатата година бројот на жртви изнесувал шест. Во 2015 година имало три сообраќајни несреќи со фатални последици, во кои имало три жртви.

Објавено од Славица Величковска

ПОВЕЌЕ

Делчево денес се збогува со тричленото семејство кое вчера ги изгуби животите во тешката сообраќајна несреќа

Делчевчани не можат да ја сокријат тагата по трагичната загуба за Делчево која се случи ...

Free mockups