ДОМА / Најнови вести / Економија / Целосно уништен родот на лозјата и овоштарниците во пробиштипско

Целосно уништен родот на лозјата и овоштарниците во пробиштипско

Годинава нема да има берба на лозјата во пробиштипско, а целосно уништен е родот и на овошните дрвца. Според првичниот увид на земјоделските експерти, штетата се проценува на над два милиони евра само од овие култури во Општина Пробиштип.

Лозјата оваа година нема да имаат род, агротехничките мерки се насочени кон санирање на штетата од предизвикана од мрзнењето и оспособување на лозниците да бидат во можност да дадат род наредната година. Во оваа состојба субвенциите и обештетувањето се повеќе од потребни, велат земјоделците.

Министерството за земјоделство во соработка со општините формира комисии за процена на штетите од невообичаено ниските температури, до минус шест степени кои ја зафатија државата во раните утрински часови на 22 април, земјоделците штетите треба да ги пријават во подрачните единици на Министерството за земјоделство.Право на обештетување имаат и регистрираните и земјоделците кои не се евидентирани во единствениот регистар, односно кои немаат право за субвенции.

Сподели:

Објавено од Славица Величковска

ПОВЕЌЕ

Извесен надоместот за околу 3000 стечајци, износот ќе се утври неделава

Последно пребројување на стечајците се врши деновиве, државата има средства за месечен надомест за околу ...

Free mockups