ДОМА / Најнови вести / Хакерски напади го вклучија алармот во светот

Хакерски напади го вклучија алармот во светот

Експертите за компјутерска безбедност откриле „вакцина“ за големиот сајбер напад што погоди голем број светски организации вчера и повторно го огласи алармот. Само еден фајл може да го спречи вирусот да ја зарази машината, но експертите се уште не го нашле така наречениот „прекинувач“ што може да го спречи малаверот да се шири на други компјутери.

Велат дека се уште не се сигурни од каде потекнува нападот ниту која е неговата цел. Но поранешниот вработен на американската разузнавачка агенција НСА Едвард Сноуден тврди дека е „зготвен“ токму во неговата поранешна организација. Си-Ен-Ен јавува дека напаѓачите искористиле грешка во најпопуларниот оперативен систем Виндоус за да упаднат во мрежите на компаниите ширум светот. За тоа ја употребиле хакерската алатка „Етернал Блу“ која наводно потекнува од лабораториите на НСА, а во април на интернет буквално го фрлила хакерската група Шедоу Броукерс. И независниот истражувач на компјутерски вируси „Кафеин“ потврдил за „Форбс“ дека „Етернал Блу“ е сајбер оружје кое го користи НСА за своите хакерски напади, а претходно беше употребено делумно, ако не и целосно во нападите со малаверот „Вона Крај“.

Со оглед дека цената на откупот е 300 долари од компјутер, што е релативно малку, се јавија шпекулации дека нападот може да е параван за пошироко попречување на компјутерските мрежи или политичка порака.

Последната серија сајбер напади почна во Украина, каде што тешко погоди делови од државниот и приватниот сектор еден ден пред обележувањето на националниот празник, но тешко погодена беше и Русија, каде што цел беше државна нафтна компанија Росњефт. Во САД беа погодени производителот на лекови Мерк и Монделез и производителите на храна Орео и Набиско, а меѓу „заразените“ е и данскиот поморски гигант Маерск. Особено опасно е тоа што цел на нападот беше и системот за следење на состојбите во атомската централа Чернобил. Од компанијата за сајбер безбедност проценија дека 60% од нападите биле насочени против Украина, а 30 кон Русија, по што следат Полска, Италија и Германија.

Денеска темпото на нападите е намалено, делумно затоа што на малаверот му е потребен директен контакт со компјутерски мрежи. Хакерите го блокираат пристапот до целиот компјутер и бараат откуп од 300 долари во биткоин за да го ослободат. Биткоинот е криптовалута, омилена во интернет подземјето, затоа што е многу тешко, дури и невозможно да се следат исплатите.

Сподели:

Објавено од Марија Спасова

Новинар во Канал Плус Телевизија

ПОВЕЌЕ

Извесен надоместот за околу 3000 стечајци, износот ќе се утври неделава

Последно пребројување на стечајците се врши деновиве, државата има средства за месечен надомест за околу ...

Free mockups