ДОМА / МАГАЗИН / Сцена / ФА „Китка“ на Светскиот фестивал на детето во Турција

ФА „Китка“ на Светскиот фестивал на детето во Турција

Екипа на Канал Плус Телевизија ја имаше честа да биде дел од Гала вечерта на 39-от Светски фестивал на детето „23-ти април 2017-та“, кој се одржа во магичната турска област, Кападокија.
Дечиња од 26 земји ширум светот, ја претставија својата култура, традиција и обичаи на сцена под мотото „Мир дома, мир во светот“-Мустафа Кемал Ататурк.

Претставник од нашата земја по 20-ти пат беше фолклорниот ансамбл „Китка“ од Истибања, како вистински репрезент на македонскиот фолклор и култура.

ФА “Китка“ е основан 1975 година на иницијатива на уметничкиот раководител Стојко Митковски, кој повеќе од 4 децении ги обновува, негува и надградува обичаите, игрите,народната носија,  песните и фолклорот од Истибања и Осоговскиот крај, а доказ за тоа се бројните турнеи, настапи и фестивали од светски размери.

Проследете го гала настапот на земјите учеснички и уживајте во уште една реализирана светска манифестација од областа на културата!

Објавено од ХДТВ Канал Плус Телевизија

ПОВЕЌЕ

Делчево денес се збогува со тричленото семејство кое вчера ги изгуби животите во тешката сообраќајна несреќа

Делчевчани не можат да ја сокријат тагата по трагичната загуба за Делчево која се случи ...

Free mockups