ДОМА / Најнови вести / Македонија / УНИТ – стечајците наскоро ќе бидат згрижени

УНИТ – стечајците наскоро ќе бидат згрижени

Здружението на стечајни работници УНИТ ги интанзивира активностите и очекуваат до септември да бидат решени нивните долгогодишни барања, а тоа е месечен паричен надомест до пензионирање или повторно вработување на сите стечајни работници од периодот на транзицијата, но и подоцна за оние кои останале без работа од акционерските друштва кои регистрирани после приватизацијата на општествениот капитал. Во Штип до сега се евидентирани над 250 лица кои ги исполнуваат условите за паричен надомест, на ниво на држава се очекува бројот на овие лица да се движи околу три илјади. Главните проблеми беа околу признавањето на работниот стаж заведен во работничката книшка, но и опфаќање на стечајците кои овој статус го стекнале работејќи во акционерски друштва во приватна сопственост.

Од Здружението УНИТ се убедени дека наскоро ќе се реши проблемот на оваа категорија граѓани кои од септември, до пензионирање или повторно вработување очекуваат да добиваат месечен надомест над сто евра.

Сподели:

Објавено од Славица Величковска

ПОВЕЌЕ

НА ТЕМА – МУЗИКА – ДРАГАНА ЈОРДАНОВА

Сподели:

Free mockups