ДОМА / Најнови вести / Македонија / Станарите не ги знаат обврските кон колективните станбени објекти

Станарите не ги знаат обврските кон колективните станбени објекти

Четири години како на сила е Законот за домување, кој меѓу другото ги обврзува станарите во станбените колективни згради да изберат дали со станбената зграда ќе управува заедница на сопственици со управител, или пак управувањето ќе го доверат на лиценцирани фирми за оваа дејност. Во Штип има над 400 колективни станбени објекти, а обврската за избор на управители или ангажирање на лиценцирана компанија ја имаат исполнето околу половина од станбените згради. Станарите сеуште не ги сфаќаат до крај нивните права и обврски кои ги имаат околу заедничките простории во колективните станбени објекти.

Според општинскиот инспектор за домување во Штип, станарите во станбените згради се запознати со обврската за избор на управител или лиценцирана агенција која ќе го врши одржувањето на заедничките површини во зградите, но законската обврска не се исполнува во целост.

Во колективните станбени згради, каде не постои согласност на станарите и сеуште нема ниту претседател ниту управител, судот по службена должност може да назначи управител, доволно е само еден станар да поднесе барање до надлежниот суд. Сите останати одлуки, како избор на управители или избор или промена на агенција за домување, се вршат со просто мнозинство на претставници од сите станови во еден влез во зградите.

Објавено од Славица Величковска

ПОВЕЌЕ

В петок ќе се одржи прва редовна седница на делчевскиот совет

Обемна расправа ги очекува делчевските советници кои во рамки на првата редовна седница која е ...

Free mockups