ДОМА / Најнови вести / Балкан / Србија отвора две нови поглавја од преговорите за членство во ЕУ

Србија отвора две нови поглавја од преговорите за членство во ЕУ

Србија денеска во Брисел ќе ги отвоти поглавјата 7 и 29 од преговорите за членство на земјата во ЕУ, јави Танјуг.

Српската делегација на преговорите ќе ја предводи министерката за евроинтерграции Јадранка Јоксимовиќ, која изјави дека поглавјата за авториските права и интелекталната сопственост и за царините се особено важни теми за Србија.

– Тоа е нашто што ќе придонесе за развој на економијата базирана на знаење, рече Јоксимовиќ во пресрет на денешната шеста по ред преговарачка конференција меѓу Белград и Брисел.

Ова е второ отворање на нови поглавја од преговорите меѓу Србија и ЕУ годинава, откако во февруари исто така беа отворени две поглавја. По денешната конференција, Србија ќе има отворено 10 од вкупно 35-те поглавја од договрот за членство во ЕУ.

– Имиџот е многу важен. Тој лесно се расипува, а тешко се поправа. Мислам дека ние го поправивме, порача Јоксимовиќ во пресрет на денешните преговори.

Сподели:

Објавено од Марија Спасова

Новинар во Канал Плус Телевизија

ПОВЕЌЕ

Извесен надоместот за околу 3000 стечајци, износот ќе се утври неделава

Последно пребројување на стечајците се врши деновиве, државата има средства за месечен надомест за околу ...

Free mockups