ДОМА / Најнови вести / Источен регион / Спасени неколку од измалтретираните кучиња во Кочани, монструмот Николчо се уште е на слобода

Спасени неколку од измалтретираните кучиња во Кочани, монструмот Николчо се уште е на слобода

Цврсто стегнати околу вратот со жица, без простор за воздух, дехидрирани, измачени, тепани, малтретирани без храна и вода, врзани под кревет во напуштен објект на улицата „Скопска“. Во ваква состојба активистите од Здружението за заштита на животните „Втора шанса“ од Кочани ги затекоа кучињата кои што монструмот Николчо Тарџиманов од Кочани откако се врати од затвор повторно продолжи со малтретирањето на кучиња скитници. Активистите од кочанското здружение по дојава од граѓани отидоа на местото и ги ослободија беспомошните животни.

-Имаме сознанија каде се кучињата кои што ги малтретира кочанскиот монструм Николчо Тарџиманов и дојдовме да ги ослобидме невините животни. Ја известивме и полицијата затоа што крајно време е да се заштитат животните, рече Благица Лазарова, активист од Здружението за заштита на животните „Втора шанса“ Кочани.

-Имаме дојава од совесни граѓани дека монструмот од Кочани повторно ги малтретира кучињата. Ние сме тука да ги ослободиме но и да реагираме на ваквата појава со цел заштита на кучињата, рече Александра Арсова, активист од Здружението за заштита на животните „Втора Шанса“ Кочани.

И по наоѓањето на двете кучиња под креветот, активистите пронајдоа уште едно измалтретирано и до смрт преплашено куче, овојпат во подрум во една од зградите. И тоа беше цврсто врзано околу вратот, изгладнето и дехидрирано.

За стореното активистите ја известија и полицијата кои што дојдоа на лице место да напарават увид, по што од членовите на Здружението ќе поднесат пријава за лицето кое што ги измачува животните. На оние што ги ослободија, активистите им дадоа храна и вода, а за тоа животните видно ја покажаа својата радост и благодарност.

За телевизиите пред две години зборуваше мајката на монструмот Бранка Тарџиманова која што велеше дека срам и што има таков син, оти не ги малтретира само кучињата туку и неа. Граѓаните стравуваат од можен напад врз дете, а станарите коментираат дека на овој дел од градот честа е сликата на остатоци од тела на мртви кучиња, распаднати лешови, расфрлани екстремитети. Често пати има расфрлани празни шишиња пиво и искористени кондоми. Постојат и оправдани индиции дека кучињата се сексуално злоставувани, а потоа и убивани од посочениот монструм кој оддамна му е познат на полицијата.

Објавено од Тања Велкова

Тања Велкова
Новинар во Канал Плус Телевизија

ПОВЕЌЕ

Делчево денес се збогува со тричленото семејство кое вчера ги изгуби животите во тешката сообраќајна несреќа

Делчевчани не можат да ја сокријат тагата по трагичната загуба за Делчево која се случи ...

Free mockups