ДОМА / Најнови вести / Економија / Светска банка: Еко и селски туризам се адутите на источниот регион

Светска банка: Еко и селски туризам се адутите на источниот регион

Во кој правец треба да биде насочен туризмот во источниот регион, кои се локалните и регионалните туристички потенцијали кои се интересни за домашните и странските туристи. Проектот„Локална и регионална конкурентност“ финансиран од Европската Унија, администриран од Светската банка и имплементиран од владата на Република Македонија нуди развојни насоки на регионалниот туризам со доделување грантови во вкупна вредност од 23 милиони евра за развој на туризмот во Македонија, со цел истиот да стане сериозен фактор во развојот на економијата во целост.

Денес на работилница во Штип беа презентирани специфичните развојни планови од страна на консултант на Светска банка, плановите се изготвени после темелна анализа на потребите, очекувањата и барањата на туристите во Македонија, посебно во овој регион. За грант за средства од овој проект право на аплицирање имаат општините, невладините организации и компании, истите може да ги достават своите идеи и туристички проекти во владата на РМ.

Објавено од Славица Величковска

ПОВЕЌЕ

Делчево денес се збогува со тричленото семејство кое вчера ги изгуби животите во тешката сообраќајна несреќа

Делчевчани не можат да ја сокријат тагата по трагичната загуба за Делчево која се случи ...

Free mockups