ДОМА / Најнови вести / Источен регион / Пробиштип финишира со обнова на градските и улиците во руралните средини

Пробиштип финишира со обнова на градските и улиците во руралните средини

Денес нов асфалтен слој доби улицата “Славко Баев” во центарот на Пробиштип. Се работи за овагодишен инфраструктурен проект на Општина Пробиштип, кој се одвиваше во две фази, со цел пред обнова на асфалтот да се реши проблемот со опфатот на атмосферските води.

Денес се асфалтираа и улици во село Ратавица, а деновиве ќе се почне со асфалтирање на една од пофреквентните улици во Пробиштип, “11 октомври”. На крајот на јули ќе се асфалтира и улицата “Гоце Делчев”, а летово ќе се заокружи обновата на улиците во Злетово и населбите Калниште и Пробиштип. Со реализација на овие проекти ќе се исполни делот од општинската програма посветена на изградба и реконструкција на улиците во градот и руралните средини во Општина Пробиштип.

Објавено од Славица Величковска

ПОВЕЌЕ

Делчево денес се збогува со тричленото семејство кое вчера ги изгуби животите во тешката сообраќајна несреќа

Делчевчани не можат да ја сокријат тагата по трагичната загуба за Делчево која се случи ...

Free mockups