ДОМА / Најнови вести / Балкан / Пожар во Макарска, евакуирани 800 туристи(ВИДЕО)

Пожар во Макарска, евакуирани 800 туристи(ВИДЕО)

Околу 800 туристи, сместени во три хотели на Макарската ривиера во Хрватска, се евакуирани како резултат на силниот пожар кој веќе втор ден беснее во регионот.

Околу 200 пожарникари се ангажирани да ги заштитат хотелите од огнената стихија, а за целта употребени се канадери, пишуваат хрватските медиуми.

Од денеска во гаснењето на пожарот активирани се и околу 150 војници.

Пожарникарите проценуваат дека ќе биде тешко да се совлада пожарот во текот на денот, но смируваат дека нема повредени.

Во моментов затворен е сообраќајот на државниот пат Макарска- Вргорац, додека на јадранската магистрала од Макарска до Тучепи се вози по една коловозна лента.

Сподели:

Објавено од Марија Спасова

Новинар во Канал Плус Телевизија

ПОВЕЌЕ

Извесен надоместот за околу 3000 стечајци, износот ќе се утври неделава

Последно пребројување на стечајците се врши деновиве, државата има средства за месечен надомест за околу ...

Free mockups