ДОМА / Најнови вести / Економија / Откупот на јагниња во тек – сточарите незадоволни од ниската откупна цена

Откупот на јагниња во тек – сточарите незадоволни од ниската откупна цена

Ниската откупна цена на јагнињата е болна тема за сточарите и во оваа откупна сезона. Пред велигден, традиционално македонското јагне се извезува во Италија, Хрватска и Грција, но актуелниот откуп одгледувачите на овци го ценат како најлош во последните неколку години. 120 денари за килограм јагне до 20 килограми е цена која не ги покрива производните трошоци, вели Меџит Амити, од Здружението на одгледувачи на овци. Во изјава за Канал плус тој појаснува дека за македонското јагне, освен на традиционалните европски пазари годинава ќе го има и во Јордан и Либија, но сточарите немаат никаква заработка со актуелните цени кои одат и до 100 денари килограм за јагниња над 25 килограми.Ова заедно со неисплатените субвенции по илјада денари од овца плус 700 денари за јагне оставено за проширување на стадото, ги ставаат сточарите во крајно лоша состојба, кои брзаат да ги продадат јагнињата во наредните десеттина дена и покрај ниската откупна цена. Единствено сточарите кои произведуваат сточна храна и кои имаат минимални трошоци за работна рака може да прокнижат некаква заработка од актуелниот откуп на јагнињата, вели сточарот Димко Димков од Стар Караорман – Штипско, чие основно стадо брои 300 овци и сточарството му е семеен бизнис.

Од 145 до 150 денари е откупната цена која според сточарите е пртифатлива, по оваа цена се откупуваа јагнињата пред католичкиот божиќ минатата година. Од актуелниот откуп на македонското јагне заработуваат сите освен сточарите, што многумина ги тера да размислуваат за намалување на стадата. Доколку не се смени нешто, од сточарство ќе живеат само оние кои ќе имаат сопствено производство на сточна храна и кои нема многу да зависат од работна сила надвор од семејството, вели Димков. Производителите и преработувачите се согласни дека квалитетот на македонското јагне е висок, а државата од оваа стопанска дејност бележи девизен прилив околу 15 милиони евра. Македонија во просек извезува 270 милиони јагниња годишно, најмногу во Италија, Хрватска, Грција, Бугарија, Босна и Херцеговина, Германија, Црна Гора, Србија и Австрија.

Сподели:

Објавено од Славица Величковска

ПОВЕЌЕ

Извесен надоместот за околу 3000 стечајци, износот ќе се утври неделава

Последно пребројување на стечајците се врши деновиве, државата има средства за месечен надомест за околу ...

Free mockups