ДОМА / Емисии / ОРГАНИКА: ВИСОК КРВЕН ПРИТИСОК – ТИВОК УБИЕЦ
?

ОРГАНИКА: ВИСОК КРВЕН ПРИТИСОК – ТИВОК УБИЕЦ

Хипертензијата е класифицирана како примарна (есенцијална) хипертензија или секундарна хипертензија. Околу 90-95% од случаите се категоризирани како “примарна хипертензија”, што значи висок крвен притисок без очигледна медицинска причина Други состојби кои влијаат на бубрезите, артериите, срцето или ендокриниот систем се причина за останатите 5-10% од случаите (секундарна хипертензија).

Хипертензијата е главен ризичен фактор за мозочен удар, миокардијален инфаркт (срцев удар), срцева слабост, аневризма на артериите (на пр., aневризма на аортата), периферна артериска болест и е причина за хронична бубрежна болест. Дури и умерено зголемување на артерискиот крвен притисок се поврзува со скратен животен век. Промени во исхраната и начинот на живот можат да ја подобрат контролата на крвниот притисок и да го намалат ризикот од поврзани здравствени компликации. Но, за луѓе кај кои промените во начинот на живот се неефикасни или недоволни, потребен е медикаментозен третман.

Крвниот притисок е „силата“ поради која крвта континуирано се движи низ крвните садови. На оваа тема  разговорот го водиме во ординацијата на д-р Ирина Сотирова Бухова-спец. интернист и д-р сци.хем. Драгица Зенделовска – нутриционист.

Објавено од ХДТВ Канал Плус Телевизија

ПОВЕЌЕ

Делчево денес се збогува со тричленото семејство кое вчера ги изгуби животите во тешката сообраќајна несреќа

Делчевчани не можат да ја сокријат тагата по трагичната загуба за Делчево која се случи ...

Free mockups