ДОМА / Најнови вести / Источен регион / Општина Штип продава 13 градежни парцели

Општина Штип продава 13 градежни парцели

Општина Штип на 22 јуни го објави првиот оглас годинава за за оттуѓување на градежно земјиште сопственост на Република Македонија по пат на електронско јавно наддавање. Предмет на јавното надддавање се 13 локации или парцели со различна намена.

Осум парцели се наменети за изградба на згради, 2 за деловни објекти, 1 за бензинска пумпа и две за лесна и незагадувачка индустрија.парцелите за седум згради се во населба Сењак 4 и една во Пребег,деловните објекти се на локација Стари-бунари, локацијата за бензинската пумпа е на магистрален пат М6 близу село Драгоево,додека парцелите за лесна и незагадувачка индустрија се на локација во Пребег и место викано Дузмеш, кај село Суво Грло.

Почетната цена на наддавањето се движи од 61 до 2300 денари.Пријавите за учество на јавното наддавање можат да се достават до 8 август 2017 година на интернет адресата: www.gradezno-zemjiste.mk а наддавањето ќе се оддржи на 10.08.2017 година од 8 до 11 часот во 15 минутни интервали.

Целиот оглас освен во дневниот печат може да се симне и од веб страницата на Општина Штип.

Објавено од Славица Величковска

ПОВЕЌЕ

Избегнат пожар од поголеми размери во училиштето во село Тработивиште

Денес во попладневните часови избувна пожар во подрачното училиште при ООУ „Св.Климент Охридски“ во с.Тработивиште. ...

Free mockups