ДОМА / Најнови вести / Источен регион / Од септември на истокот ќе има помалку првачиња од лани

Од септември на истокот ќе има помалку првачиња од лани

Според досегашното темпо на упис на првачиња во основните училишта, и годинава продолжува трендот на намалување на бројот на генерациите во источниот регион, а останува и проблемот со ненавремениот упис на најмалите ученици. Добар дел од родителите своите деца ги запишуваат на училиште пред почетокот на училишната година или во првата недела од септември. Состојбата со намалувањето на бројот на првачиња на истокот е најизразен во Штип, каде според матичната евиденција бројот на деца кои ги исполнуваат условите за упис во основно училиште е 518, а до сега запишани се 392 деца. Во Кочани минатата година образованието го започнале 350 првачиња, а госинава се очекува овој број да се намали за околу 30. Во Делчево состојбата во однос на минатата година е на скоро исто ниво, околу 130 деца почнуваат со основното образование. Нема отстапки и во бројот на првачиња во Пробиштип, споредено со минатата година. Во Штип бројот на првачиња минатата година изнесуваше околу 450. Од септември основното образование го почнуваат децата родени во 2011 и 2012 година.

 

Објавено од Славица Величковска

ПОВЕЌЕ

Делчево денес се збогува со тричленото семејство кое вчера ги изгуби животите во тешката сообраќајна несреќа

Делчевчани не можат да ја сокријат тагата по трагичната загуба за Делчево која се случи ...

Free mockups