ДОМА / МАГАЗИН / Одличен почеток на „Макфест 2017“ Зоран Илиев и Анабела Атијас влегоа во Финале

Одличен почеток на „Макфест 2017“ Зоран Илиев и Анабела Атијас влегоа во Финале

МАКФЕСТ 2917

Posted by СО Превод on Thursday, 5 October 2017

Во Домот на културата „Ацо Шопов“ во Штип вечерва се одржа првата полуфинална вечер од 32. издание на фестивалот на забавни мелодии „Макфест 2017“, во чии рамки слушнавме 15, односно 14 од вкупно 29-те композиции што се натпреваруват годинава, а само 9 од нив ќе успеат да си обезбедат влез во финале.

Честа да ја отвори вечерта ја имаше Огнен Здравковски, а дел од првата петка беа и Лени Партикова Ременска, македонските идоли Биле, Ивана, Дејан и Стефан, дуото „Риплеј“ и победникот на „Макфест“ од 2011 година, Зоран Илиев во дует со српската ѕвезда Анабела Атијас, која за првпат запеа на македонски.

Втората петка започна со одличниот настап на Тамина Нијазова од Таџикистан, по која следеа уште четири прекрасни балади во изведба на Александар Тарабунов, извонредната пинкова ѕвездичка Лина Пејовска, Мартина Митревска и Пепа Димитрова.

Последните пет, односно четири композиции за вечерта ги отпеаја Швеѓанецот Емануел Линдстром, Елена Петреска, Бугарката Мартина Иванова и Лена Заткоска. Иако требаше да настапи под реден број 12, Симона Попоска од оправдани причини не можеше да присуствува на фестивалот, заради што се извини со видео порака.

Додека траеше гласањето, водителот Димитар Атанасовски разговараше со сите учесници зад сцената, а бидејќи беше потребно повеќе време за пребројување на гласовите од публиката во салата, чии влезници во улога на гласови беа ставани во кутиите за сите полуфиналисти, конечниот резултат беше објавен подоцна на официјалната веб страна на фестивалот, така што резултатот од вечерва е следниот:

финалисти 1

Доколку ја пропуштивте оваа прва полуфинална вечер од „Макфест 2017“, истата можете да ја прегледате овде. Утревечер ќе ги слушнеме и преостанатите 15 композиции, а преносот во живо ќе започне во 20.30 часот на собранискиот канал на МРТ.

Објавено од ХДТВ Канал Плус Телевизија

ПОВЕЌЕ

В петок ќе се одржи прва редовна седница на делчевскиот совет

Обемна расправа ги очекува делчевските советници кои во рамки на првата редовна седница која е ...

Free mockups