ДОМА / МАГАЗИН / Здравје / Не е поради метаболизмот: Зошто по триесетите побрзо се дебелееме?

Не е поради метаболизмот: Зошто по триесетите побрзо се дебелееме?

Со годините нашиот метаболизам станува поспор, а телото посклоно на брзо дебелеење. Меѓутоа, успорувањето на метаболизмот во средните години не е главната причина за брзото зголемување на тежината. Одговорот се крие во неактивноста. Како старееме, се помалку сме активни.

Базалниот  метаболизам е стапката по која организмот согорува калории кога седиме или лежиме и истиот е одреден со комбинацијата на висина, пол и гени кои ги наследуваме од родителите и како таков не може многу да се промени. Она што луѓето често го нарекуваат метаболизам, се всушност 3 различни фази на согорување на калории во кои влегува нашето тело во зависност од тоа што правиме. Кога јадеме согоруваме мал број на калории, едвај 10 отсто од вкупно согорените во текот на денот  и тоа е всушност првата фаза. Во воведот во АДАМ медицинската енциклопедија на Националниот институт за здравје пишува:

-Зелениот чај и лути пиперки нема да ви помогнат да симнете вишок на килограми. Некои намирници ќе можат да успеат да предизвикат мал поттик во вашиот метаболизам, но недоволен за да влијае на вашата тежина.  Најважната активност која ќе ви помогне во согорувањето на калории – е самата активност, која ја претставува втората фаза.Без разлика дали тоа е за качување по скали, станувањето од седечка положба кога посегнуваме по кафе  или час по јога, важно е на тој начин да се троши енергија.

Многу луѓе мислат дека во  оваа категорија спаѓаат и тренинзите за сила и кревањето на тегови, но тоа нема во значајна мера да влијае на метаболизмот со оглед на тоа дека мускулите влијаат на стапката на базалниот метаболизам само од 20 до 25 отсто. На интернет страницата на Националниот институт за здравство  пишува дека освен што со годините се помалку сме активни, се помалку водиме и сметка за исхраната и количината на храна која ја внесуваме.  Колку што сме постари, чувството на ситост и конролата на апетитот се послаби, така што помалите порции на оброци би били поефективни од полните чинии.

Што повеќе од било која активност и што помали порции храна ќе спречат брзо дебелеење со годините – пишува сајтот.

Сподели:

Објавено од Каролина Михајловска

Каролина Михајловска

ПОВЕЌЕ

Намалување на ризикот од болести преку вежби: Колку минути се потребни за да го подобрите Вашето здравје?

Заблуда е дека доколку помалку вежбате во континуитет нема да имате никакви предности во одржување ...

Free mockups