ДОМА / МАГАЗИН / Здравје / Науката тврди: Органската храна е само фрлање пари

Науката тврди: Органската храна е само фрлање пари

Научно образовниот канал ASAP Science, го заврши неодамнешното истражување кое наведува: И  покрај тоа што е  неверојатно скапа, органската храна  не подобра за вашето здравје, а во некои случаи, поради истата можете и да се разболите. ASAP Science пренесува: ,,Постои мала заблуда. Всушност, повеќето корисници сметаат дека органските фарми не  користат пестициди. На фармите за органска храна може да се користат пестициди, но истите не смеат  да бидат направи синтетички. Некои природни пестициди претставуваат сериозна закана за здравјето на луѓето и животната средина за разлика од  синтетичките. Природното не секогаш значи здраво. ”

Претходните извештаи предупредуваат на токсичен бакар сулфат, кој се користи од страна на одгледувачите на органски зеленчук. Според порталот ” Consumers Reports “, има малку докази дека органската храна е подобра, иако таа е 47 проценти поскапа. Една студија на Универзитетот Стенфорд од 2012 година анализирајќи 237 претходни студии за органска храна, заклучи дека поголемиот дел од органската  храна нема значително повеќе хранливи материи од конвенционално произведената храна.

,,Не постои голема разлика помеѓу органски и конвенционално произведената храна, ако сте возрасни и вашите одлуки се базираат исклучиво на здравјето”, вели Дена Бравата од Стенфорд. Како што наведува ASAP, исто така, зголемена е и  можноста за труење со храна со оглед  на фактот што, според  едно истражување, во 10 отсто имало траги на ешерихија коли бактерија.

Сподели:

Објавено од Каролина Михајловска

Каролина Михајловска

ПОВЕЌЕ

Намалување на ризикот од болести преку вежби: Колку минути се потребни за да го подобрите Вашето здравје?

Заблуда е дека доколку помалку вежбате во континуитет нема да имате никакви предности во одржување ...

Free mockups