ДОМА / МАГАЗИН / Здравје / Намалување на ризикот од болести преку вежби: Колку минути се потребни за да го подобрите Вашето здравје?

Намалување на ризикот од болести преку вежби: Колку минути се потребни за да го подобрите Вашето здравје?

Заблуда е дека доколку помалку вежбате во континуитет нема да имате никакви предности во одржување на физичкото и ментално здравје.Физичката активност е многу важна, не само за физичкото , туку и за менталното здравје.
Пешачењето 35 минути на ден, на пример, ја намалува депресијата. Не е потребно по цел ден напорно да вежбате за да го подобрите физичкото и менталното здравје. Минимална активност некогаш е сосема доволно.
Студија утврди колку треба да се вежба дневно или неделно за да се спречат хронични болести:
– 450 минути вежбање неделно го намалува ризикот од предвремена смрт
– 175 минути неделно физичка активност ги ублажува симптомите на депресија
– 150 минути физичка активност неделно го намалува ризикот од рак
– 120 минути неделно аеробни вежби ја подобрува меморијата
– Од 60 до 90 минути вежбање неделно го намалува крвниот притисок
– 30 минути интервален тренинг неделно може да помогне во спречување на дијабетес тип 2

Објавено од ХДТВ Канал Плус Телевизија

ПОВЕЌЕ

Работи кои некогаш биле неприфатливи, а денес се тренд

Ова се работи кои радикално се вратија и од некогаш општествено отфрлени, станаа тренд на ...

Free mockups