ДОМА / Најнови вести / Македонија / МЕПСО со апел до земјоделците – внимателно кај далноводите

МЕПСО со апел до земјоделците – внимателно кај далноводите

Македонскиот електропреносен систем оператор апелира до земјоделците во екот на сезоната на наводнување да бидат крајно внимателни додека ракуваат со опремата за наводнување, односно со земјоделската и додатната механизација кога работат во близина на далноводите. Посебна внимателност се препорачува при минењето под трасите на далноводите.Голема опасност во овој период доаѓа и од палење на стрништата, кои можат да бидат причина за колапс на електропреносната мрежа, вели Никола Стојанов портпарол на МЕПСО.  Од 2013 година МЕПСО врши едукативна кампања за да се избегнат несакани последици по животот и здравјето на луѓето, состојба која во претходниот период беше загрижувачка и резултираше со неколку човечки жртви и повреди. Последна жртва од овој вид повреди настанати како резултат на спој на земјоделска механизација со преносната мрежа на МЕПСО загина пред пет години во Светиниколско.

Објавено од Славица Величковска

ПОВЕЌЕ

Делчево денес се збогува со тричленото семејство кое вчера ги изгуби животите во тешката сообраќајна несреќа

Делчевчани не можат да ја сокријат тагата по трагичната загуба за Делчево која се случи ...

Free mockups