ДОМА / Најнови вести / Меморијален турнир во пинг понг “Борче Кикиритков”

Меморијален турнир во пинг понг “Борче Кикиритков”

Викендов во Штип по петти пат ќе се одржи меѓународниот меморијален турнир во пинг понг во чест и сеќавање на врвниот штипски пингпонгар Борче Кикиритков. Во спортската сала на Основното училиште “Тошо Арсов” во Штип утре и задутре со почеток во 10 часот силите ќе ги одмерат пингпонгари од скоро сите земји од балканот.Годинава е зголемен бројот на наградите, а најавено е учество на најмногу натпреварувачи до сега од сите возрасни категории.

Пингпонгарската федерација на Македонија од неодамна е со нов претседател, штипјанецот Горан Тиловски, од кои клубовите очекуваат поголема афирмација на овој спорт. Неодамна пионерите и младинците учествуваа на балканското првенство во Албена – Бугарија, а се подготвуваат за светското првенство во Луксембург.

Сподели:

Објавено од Славица Величковска

ПОВЕЌЕ

Извесен надоместот за околу 3000 стечајци, износот ќе се утври неделава

Последно пребројување на стечајците се врши деновиве, државата има средства за месечен надомест за околу ...

Free mockups