ДОМА / Најнови вести / Мадуро: Нападот на Врховниот суд е терористички чин
Venezuela's President Nicolas Maduro speaks during a meeting with ministers at Miraflores Palace in Caracas, Venezuela February 9, 2017. Miraflores Palace/Handout via REUTERS

Мадуро: Нападот на Врховниот суд е терористички чин

Ескалира ситуацијата во Венецуела. По 90 дена протести, нападнат е Врховниот суд во Каракас. Пилот украде хеликоптер. Истрелал неколку гранати и проектили. Било пукано и врз Министерството за внатрешни работи кадешто се одржувал социјален настан. Жртви не се пријавени. Претседателот Николас Мадуро нападот го оквалификува како терористички. За властите ова е државен удар.

„Ова е оружената ескалација којашто ја осудував. Ги активирав безбедносните сили за да зачувам мирот во земјата. И бидете сигурни дека што побрзо ќе го најдеме хеликоптерот и оние што го извршија овој терористички напад врз институциите на државата. Ова ли е демократијата што ја сакате?“, рече Мадуро

„Двата напади беа дел од заговорот за државен удар против уставот на Република Венецуела и нејзините институции“, изјави Ернесто Вилегас, министер за комуникации и информации.

Венецеуелската влада соопшти дека хеликоптерот бил украден од поранешниот полициски пилот Оскар Перез кој се прогласи за бунтовник против Мадуро.

„Драги браќа, ние сме група на воени функционери, полицајци и цивили во потрагата по рамнотежа и против оваа транзиторна криминална влада. Ние не припаѓаме, ниту пак, сме партиски или политички членови и симпатизери. Оваа борба не е со останатите безбедносни сили на државата, туку против наметнатиот имунитет на оваа влада“, изјави Перез.

54-годишниот социјалистички лидер Мадуро се соочува со тримесечни протести од лидерите на опозицијата. Демонстрантите бараат општи избори, мерки за ублажување на економската криза, слобода за стотици затворени активисти на опозицијата и независност на парламентот.

Сподели:

Објавено од Марија Спасова

Новинар во Канал Плус Телевизија

ПОВЕЌЕ

Извесен надоместот за околу 3000 стечајци, износот ќе се утври неделава

Последно пребројување на стечајците се врши деновиве, државата има средства за месечен надомест за околу ...

Free mockups