ДОМА / Најнови вести / ЛОНДОН: СТАВЕН ПОД КОНТРОЛА ПОЖАРОТ ВО КАМДЕН ЛОК

ЛОНДОН: СТАВЕН ПОД КОНТРОЛА ПОЖАРОТ ВО КАМДЕН ЛОК

Повеќе од 70 пожарникари успеале да го стават под контрола пожарот во лондонскиот трговски центар „Камден Лок“, откако во текот на ноќта огнот избувнал во зградата на оваа популарна туристичка дестинација.Пожарот ги зафатил првите три ката на зградата, а причините за неговото избувнување сè уште не се познати.Нема информации за човечки жртви во пожарот.„Камден маркет“, кој се наоѓа во северниот дел на Лондон, е популарна туристичка дестинација со повеќе од 1.000 продавници, барови и кафулиња.Инаку, пред еден месец огнената стихија ја проголта зградата „Гренфел тауер“ во западниот дел на Лондон, пришто смртно страдаа 80 луѓе.

Објавено од Канал Плус ТВ

Канал Плус ТВ

ПОВЕЌЕ

Делчево денес се збогува со тричленото семејство кое вчера ги изгуби животите во тешката сообраќајна несреќа

Делчевчани не можат да ја сокријат тагата по трагичната загуба за Делчево која се случи ...

Free mockups