ДОМА / Најнови вести / Балкан / Лажен црногорско-македонски принц уапсен во Торино

Лажен црногорско-македонски принц уапсен во Торино

Италијанската полиција му ја симна маската на лажниот принц Стефан Чернетиќ кој со години мамел богати и славни, меѓу жртвите на неговите измами и актерката Памела Андерсон, тенисерот Новак Џоковиќ, државниот секретар во Ватикан Пјетро Паролин.

Претставувајќи се како принц на Црна Гора и Македонија, 57 годишниот Чернетиќ бесплатно јадел во скапи ресторани, одмарал на монденски места, се дружел со светскиот џет сет. Со цел да ги зајакне своите лажни привилегии принцот дури има и своја интернет страница, а на фејсбук профилот може да се видат слики со кардинали, градоначалници, членови на кралското семејство од Монако.

На листата на наседнати и плејбој зајачицата, Памела Андерсон. Таа не само што поверувала во легитимноста на престолонаследникот на Црна Гора и Македонија, туку и клекнала пред него, за да ја добие титулата грофица од „Лилијан Санта Марија Лигура“ и била прогласена за „Голема дама на Црна Гора“ за нејзиниот придонес за заштита на морскиот и дивиот свет.

И покрај тоа што Црна Гора не е монархија од крајот на 1 светска војна, Чернетиќ измамил голем број луѓе, полицијата се сомнева дека не дејствувал сам, има соучесник кој се претставувал како негов негувател. За медиумите негира дека е измамник и натаму убедува дека е наследник на престолот на Црна Гора. ,, Ова е претстава за да може да остане во престижни италијански и европски локали без да плаќа,  вели обвинителството, Чернетиќ пак на својата фејсбук страница се брани дека на хотелите им правел бесплатна реклама носејќи им вип гости.

Полициското внимание го привлекол лани кога бил во друштво со висок профил на бизнисмени и политичари на луксузно одморалиште во јужна Италија, се возел со црн мерцедес украсен со црногорски знамиња и дипломатски таблички.

Кога хотелот ја испорачал високата сметка одбил да плати, па ја испратиле во македонската амбасада во Рим од таму возвратиле, немаме принц и сигурно не го делиме со Црна Гора.

Во неговиот дом во Торино биле пронајдени лажни пасоши, медаљони, печати, а фејк биле и официјалните обележја на автомобилот. Истрагата покажала дека Чернетиќ е Италијанец роден на словенечката граница.

Сподели:

Објавено од Марија Спасова

Новинар во Канал Плус Телевизија

ПОВЕЌЕ

Извесен надоместот за околу 3000 стечајци, износот ќе се утври неделава

Последно пребројување на стечајците се врши деновиве, државата има средства за месечен надомест за околу ...

Free mockups