ДОМА / МАГАЗИН / Живот / Како светските брендови ја поддржаа кампањата за глобално донирање на крв

Како светските брендови ја поддржаа кампањата за глобално донирање на крв

А, Б и О се доста корисни букви, доколку наеднаш исчезнат општеството ќе биде во хаос. Но буквите А, Б и О исто така означуваат и крвни групи, а без нив, општеството не би постоело.

Новата кампања која започна во понеделникот ги замоли компаниите да ги тргнат овие букви од нивните логоа, а веќе на многу брендови и знаменитости низ градовите овие букви ги нема.

1

 

Кампањата која се води под хаштагот: #MissingType е во соработка со НХС Центар за крв и трансплантација и лондонска ПР агенција „Енџин груп“. Оваа иницијатива има цел да ја подигне свеста за донирање на крв, како и „погласно“ да се одбележи Меѓународната недела на крв.

Донирањето на крв, во последната деценија,  на светско ниво е паднато за 30 проценти, а големи брендови како што се Google, Microsoft, Tesco, Nandos и Dairy Milk се приклучија на иницијативата и ги тргнаа буквите од нивните логоа.

5

Кампањата се води низ 21 земја, вкупно учествуваат 25 организации за донирање на крв низ САД, Австралија, Сингапур, Јужна Африка, Ирска и Канада, а ќе трае до крајот на неделава.

За да ја видите целата галерија кликнете на следниов линк: http://www.boredpanda.com/brands-drop-letters-blood-donation-missingtype-campaign-nhs-blood-and-transplant/?page_numb=1

Објавено од ХДТВ Канал Плус Телевизија

ПОВЕЌЕ

Делчево денес се збогува со тричленото семејство кое вчера ги изгуби животите во тешката сообраќајна несреќа

Делчевчани не можат да ја сокријат тагата по трагичната загуба за Делчево која се случи ...

Free mockups