ДОМА / Најнови вести / Источен регион / “Злетовски рудар” со обновена фасада и ентериер

“Злетовски рудар” со обновена фасада и ентериер

До крајот на годината зградата на Домот на културата во Пробиштип ќе се вброи во редот на енергетски ефикасните објекти во оваа општина. Проектот предвидува целосна обнова на екстериерот, по што ќе следи и уредување на ентериерот со цел да се создадат услови за користење на дел од просторот во овој објект од страна на локалната администрација на Пробиштип.

По завршување на градежните работи на фасадата на Домот на културата, ќе следи уредување на внатрешноста. Тендерот за реконструкција на салата за состаноци е завршен, по завршување на овој дел од внатрешното уредување ќе се обнови и останатиот дел од просториите на Домот на културата “Злетовски рудар”. Во Општина Пробиштип ова не е прв енергетски ефикасен објект, претходно со помош на ИПА фондовите слични зафати се извршија на двата клона на детската градинка “Гоце Делчев”.

Објавено од Славица Величковска

ПОВЕЌЕ

Делчево денес се збогува со тричленото семејство кое вчера ги изгуби животите во тешката сообраќајна несреќа

Делчевчани не можат да ја сокријат тагата по трагичната загуба за Делчево која се случи ...

Free mockups