ДОМА / За нас

За нас

ХДТВ Канал Плус е нова регионална телевизија која со своја програма почна да зрачи во февруари 2015 година. Како нова регионална телевизија во Источна Македонија, ХДТВ Канал Плус ги покрива градовите: Штип, Пробиштип, Кочани, Виница, Македонска Каменица, Делчево, Берово, Пехчево и околните помали општини.

Седиштето на ХДТВ Канал Плус  се наоѓа во Штип, но со комплетна покриеност на настаните од целиот Источен регион.

Транспарентно, навремено и точно информирање за настаните и содржините е мотото врз кое ХДТВ Канал Плус ја темели својата работа и на кое ќе остане достојна, се со цел гледачите да добијат една телевизија во која ќе имаат доверба, со програма која ќе го задоволи сечиј вкус и ќе го задржи нивното внимание.

Free mockups