ДОМА / Најнови вести / Македонија / Екстремните жештини – причина за мозочен удар

Екстремните жештини – причина за мозочен удар

Екстремно високите температури од почетокот на месецот резултираа со зголемување на пациентите со мозочни удари во Клиничката болница во Штип. Минатите две недели просечно по двајца со мозоќен удар се хоспитализираат на одделението за неврологија во болницата во Штип, вели д-р Елена Личкова, специјалист невролог.

Досегашната фреквенција на пациенти со мозочен удар на невролошкото одделение е очакувано во овој период од годината, но лекарите апелираат граѓаните да ги избегнуваат сите опасности кои може да бидат причина за мозочен удар. Основна препорака е да не се изложуваат на директно сонце во најтоплиот период од денот.

Старосната граница на жртвите на мозочен удар од година во година опаѓа, што значи дека на крварења во мозокот не е имун никој.

Сподели:

Објавено од Славица Величковска

ПОВЕЌЕ

Извесен надоместот за околу 3000 стечајци, износот ќе се утври неделава

Последно пребројување на стечајците се врши деновиве, државата има средства за месечен надомест за околу ...

Free mockups