ДОМА / Најнови вести / Источен регион / Државно земјоделско земјиште се дава под закуп

Државно земјоделско земјиште се дава под закуп

Еден јавен повик и три јавни огласи за закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост се активни во регионот, во најголем дел земјиштето е во Општина Пробиштип. Аплицирањето за јавниот повик е до 21 мај, информираат од подрачната единица на Министерството за земјоделство во Пробиштип .

До 21 април заинтересираните правни и физички лица може да аплицираат и на јавниот оглас за закуп на државно земјоделско земјиште за површини до 3 хектари каде во период до 15 години ќе се одгледуваат житни, фуражни и индустриски култури. Активен до 21 мај е и огласот за закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост за површини над 3 хектари за производство на овие култури, во период до 15 години. Најголем интерес во Пробиштип засега има за третиот јавен оглас за закуп на земјодлски површини до 3 хектари за подигање на долгогодишни насади со различни култури.

Физичките лица заинтересирани за закуп на државно земјоделско земјиште не мора да се регистрирани земјоделци, треба само да достават потврда дека се впишани во единствениот регистар на земјоделски стопанства, дека немаат долг по основ на закуп на земјоделско земјиште и дека имаат бизнис план за бараното земјиште. Во источниот регион земјоделско земјиште во државна сопственост е дадено на оглас и во Берово – 34 хектари, во Виница 21 хектар, исто толку во Делчево и 24 хектари во Кочани. Во тек е и јавниот повик за три децениски закуп на земјоделско земјиште за подигање различни култури и земјоделски стопанства во општините Берово, Делчево, Виница, Кочани и Штип. За овие површини ќе има електронско јавно наддавање со утврдена почетна цена на сите земјоделски површини.

Објавено од Славица Величковска

ПОВЕЌЕ

В петок ќе се одржи прва редовна седница на делчевскиот совет

Обемна расправа ги очекува делчевските советници кои во рамки на првата редовна седница која е ...

Free mockups