ДОМА / Најнови вести / Економија / Државна стратегија за квалитетно земјоделско производство

Државна стратегија за квалитетно земјоделско производство

Кочанскиот ориз е заштитен како бренд. И покрај тоа што сортата ориз “Сан Андреа” не е македонска, таа овде е одомакинета, но климатските промени ја наметнуваат потребата од воведување на нови сорти кај скоро сите житни, но и градинарски култури. Конкретно за оризот во кочанско, решението не е замена на италијанските сорти со турски, сметаат експертите. Државата мора да вложи во селекција на сорти ориз кои најдобро ќе се вклопат на ова поднебје и ќе бидат препознатливи како македонски бренд.

Не е само оризот во прашање, Македонија мора да работи на заштита на домашните земјоделски сорти, адаптирани на ова поднебје. Науката на овој план е крајно маргинализирана, вели агроном Васко Златковски од УГД, потребно е државата да инвестира во соодветните научни институции да вршат селекција на семенски материјал кој ќе има добар и квалитетен род.

За земјоделските сорти и примена на агротехнички мерки, но и за изработка на стратешки документи во аграрот, со децении наназад за проценка се ангажираат консултантски куќи, а не научни институции, пракса која според агрономите мора да се промени.

Објавено од Славица Величковска

ПОВЕЌЕ

Делчево денес се збогува со тричленото семејство кое вчера ги изгуби животите во тешката сообраќајна несреќа

Делчевчани не можат да ја сокријат тагата по трагичната загуба за Делчево која се случи ...

Free mockups