ДОМА / Најнови вести / Источен регион / До крајот на годината нема да има необновена улица во Општина Штип

До крајот на годината нема да има необновена улица во Општина Штип

Со пролетните температури, се интензивираат работите за асфалтирање на градските, но и улиците во селата во Општина Штип. До крајот на мај во план е да заврши обновата на 20 улици во Штип. Од јуни почнуваат јавните набавки за нови инфраструктурни зафати. До крајот на годината нема да има улица во градот која нема да биде обновена, вели градоначалникот на Штип Илчо Захариев

Со отпочнување на работата на асфалтната база на Македонија пат ќе се постави асфалтниот слој на делницата од село Чардаклија до влезот на Штип кај кружниот тек, откако есенва се изврши порамнување на оваа делница

Овој и наредниот месец нов асфалт ќе биде поставен на пет улици во село Врсаково, ќе се асфалтираат сите улици во Чардаклија и населбата Долна Железничка, во план е обнова на улицата Енгелсова на потегот од поштата до улица Партизанска, потоа делот од Партизанска кај Дом на млади, а ќе се асфалтираат и улиците во населба Света Недела. Нови улици ќе добијат и жителите на селата Суво Грло, Долно Трогерци и Селце, а во план е и обнова на улицата во Штипско Ново Село кај локалитетот Мери и улица Питу Гули во населба Леваци. Во тек се тенредските постапки за обнова на улиците Вита Поп Јорданова, Иво Лола Рибар и вториот дел од улицата Вардарска. Во мај ќе почне асфалтирање и на пешачката и велосипедска патека покрај Брегалница од населбата Осми ноември до Стар Караорман.

Објавено од Славица Величковска

ПОВЕЌЕ

В петок ќе се одржи прва редовна седница на делчевскиот совет

Обемна расправа ги очекува делчевските советници кои во рамки на првата редовна седница која е ...

Free mockups