ДОМА / Најнови вести / Источен регион / Доделени сертификатите на 45 ученици кои учествуваа на летниот камп за туризам и угостителство во Берово

Доделени сертификатите на 45 ученици кои учествуваа на летниот камп за туризам и угостителство во Берово

ОСУ „Ацо Русковски“ од Берово на пригодна свеченост им ги додели сертификатите на 45 учениците кои беа дел од 15 дневниот летен камп кој во рамки на проектот на Министерството за образование и наука имаше за цел стручно усовршување и практична настава со учениците од Туристичко-угостителската струка во Берово.
Кампот се реализираше во времетраење од 15 дена а учесниците беа поделени во три групи од по 15 ученици.
За учениците овој проект ќе значи здобивање на потребното искуство за навлегувањето во тајните на угостителството.
И годинава во беровската гимназија во првиот уписен рок имаше солиден интерес за идните угостители.
Инаку ова беше прва година за организирање на летни кампови за прв пат се спроведе оваа година, а ОСУ „Ацо Русковски“ беше едно од 10 училишта кое обезбеди грант од Министерството за образование и наука. На повикот учествуваа вкупно 43 училишта со вкупно поднесени 110 проекти.

Објавено од Канал Плус Телевизија

Канал Плус Телевизија

ПОВЕЌЕ

Делчево денес се збогува со тричленото семејство кое вчера ги изгуби животите во тешката сообраќајна несреќа

Делчевчани не можат да ја сокријат тагата по трагичната загуба за Делчево која се случи ...

Free mockups