ДОМА / Спорт / Денес во Штип започна 41-то издание на „МАКЕДОНСКИОТ БИСЕР“

Денес во Штип започна 41-то издание на „МАКЕДОНСКИОТ БИСЕР“

Штип повторно е во центарот на борењето, најтрофејниот спорт во Македонија.

Домаќинот на Традиционалниот меѓународен турнир во борење „Македонскиот бисер“ ги прими 40-те борачи кои пристигнаа синоќа, од најавените преку 100 учесници.

Очигледно, рејтингот на оваа голема манифестација никако да се подигне. Оваа бројка на учесници веќе неколку години по ред се повторува.

Турнирот започнува денес, а со почеток од 10 часот во спортската сала „Јордан Мијалков“ , настапија борачи од Македонија,Бугарија,Албанија,Белорусија,Косово, Унгарија,Англија, Романија, Србија.

Од нашата земја учество на турнирот ќе земат Бобан Савев, Александар Донев, Михаил Николов, Минер, Реџепи, Ефтимов….Сепак, се работи за голема и престижна манифестација.

Во 16 часот продолжува Бисерот, кога ќе се одржат борбите за третите места во категориите, потоа од 17 часот следува свеченото отворање, по него продолжуваат финалните борби и прогласувањето на победниците.

Објавено од ХДТВ Канал Плус Телевизија

ПОВЕЌЕ

Делчево денес се збогува со тричленото семејство кое вчера ги изгуби животите во тешката сообраќајна несреќа

Делчевчани не можат да ја сокријат тагата по трагичната загуба за Делчево која се случи ...

Free mockups