ДОМА / Најнови вести / Гудуриќ нов соиграч на Перо Антиќ

Гудуриќ нов соиграч на Перо Антиќ

Српскиот кошаркар, Марко Гудуриќ, наскоро ќе биде промовиран како нов кошаркар на турскиот и европскиот шампион, Фенербахче.

Сега веќе поранешниот член на Црвена Звезда пристигна во Истанбул, каде треба да ги изврши редовните медицински прегледи па потоа да потпише четиригодишен договор со турскиот гигант.

Турските медиуми откриваат дека Фенер за услугите на Гудуриќ на Звезда ѝ исплати обештетување од 1 милион евра, а српскиот тим ќе добие и 20 проценти од следниот трансфер на младиот кошаркар.

Објавено од Марија Спасова

Новинар во Канал Плус Телевизија

ПОВЕЌЕ

В петок ќе се одржи прва редовна седница на делчевскиот совет

Обемна расправа ги очекува делчевските советници кои во рамки на првата редовна седница која е ...

Free mockups