ДОМА / Најнови вести / Источен регион / Во Пехчево започна седмото издание на традиционалниот Фестивал на дувачки оркестри

Во Пехчево започна седмото издание на традиционалниот Фестивал на дувачки оркестри

Во македонската Гуча започна седмото издание на традиционалниот Фестивал на дувачки оркестри „Пехчево 2017“, фестивалот кој годинава има ревијален карактер, а на кој во текот на трите фестивалски вечери ќе продефилираат најдобрите дувачки оркестри од Македонија, Бугарија и Србија.
Во рамки на првиот дел од програмата свој концерт пред пехчевци одржа музичкиот состав „Љубојна”.
Топлото време им одеше во прилог на пехчевци, па така гости на фестивалот имаше од сите краишта на државата.
Угостителите очекуваат добра заработка, а преполните капацитети во комбинација со продажбата на храна и пијалоци и тоа како ќе ја зајакне локалната економија во Пехчево.
Инаку, трубите продолжуваат да свират денес и утре во Пехчево. Во рамки на втората вечер од фестивалот вечерва концерт ќе одржат Зуица Лазова и Наум Петрески додека утре свој настап ќе има групата Црвена Јабука.
Фестивалот го организира општина Пехчево, а генерален спонзор е Хотел „Гогов“.

Објавено од Канал Плус Телевизија

Канал Плус Телевизија

ПОВЕЌЕ

Делчево денес се збогува со тричленото семејство кое вчера ги изгуби животите во тешката сообраќајна несреќа

Делчевчани не можат да ја сокријат тагата по трагичната загуба за Делчево која се случи ...

Free mockups