ДОМА / Најнови вести / Македонија / Во источниот регион се намалува бројот на срцево болни

Во источниот регион се намалува бројот на срцево болни

Пациентите од источниот регион ако претходно морале да заминат на клиниката во Скопје на кардиологија, да изгубат повеќе време и пари, веќе две години овој проблем го немаат,  ваквите услуги ги имаат и во Штип, тимот од кардилогија сега ги спасува пациентите од истокот.

Бројот на кардиоваскуларни пациенти и болестите во овој регион се намалил. За само една година во источиот регион се направени 1600 коронографи и повеќе од 400 стентирања.

Статистички, може да кажеме дека процентот на смртност е намален за 2 отсо, што претставува успех за целиот регион, додека возрасната бариера е надмината, најмладиот пациент со вграден стен е на возраст од 38 години, вели доктор Сашо Николов.

Докторите советуваат пациентите да вршат редовни кардиоваскуларни прегледи, редовно пешачење и да внимаваат на исхраната.

Кардиоваскуларните болести се водечка причина за смрт на глобално ниво, тие предизвикуваат повеќе смртни случаи отколку сите други причин.

Токму денес и денот на срцето, се одбележува светскиот ден на срцето под мотото „Дајте му сила на вашиот живот“, а Клиничката болница во Штип одбележува две година од ангио салата за итни кардиоваскуларни интервенции.

Објавено од Марија Спасова

Новинар во Канал Плус Телевизија

ПОВЕЌЕ

Делчево денес се збогува со тричленото семејство кое вчера ги изгуби животите во тешката сообраќајна несреќа

Делчевчани не можат да ја сокријат тагата по трагичната загуба за Делчево која се случи ...

Free mockups