ДОМА / Најнови вести / Источен регион / Во Берово одржана прес-конференција за проектот „ Градење инфраструктура за одржлив развој на туризмот“
????????????????????????????????????

Во Берово одржана прес-конференција за проектот „ Градење инфраструктура за одржлив развој на туризмот“

Во Берово на прес-конфренција беше презентиран проектот „Градење инфраструктура за одржлив развој на туризмот“, проект кој се реализира со општина Сандански Р. Бугарија, а кој предвидува изградба на филтер станица за вода на Беровското езеро. Општина Берово е една од ретките општини кои активно уествуваат во сите отворени повици по ИПА програмата на ЕУ преку која се реализира проектот, при што има реализирано и 4 успешни проекти. За општинските власти ова е еден од приоритетните проекти во насока на унапредување на туризмот кој ќе ги реши проблемите со водоснабдувањето во населбата „Беровско езеро“.

-Оваа година оценивме дека приоритет треба да биде Изградба на инфраструктурен објект, т.е. изградба на водоснабдителен систем на туристичката населба Беровско езеро, зошто неколку години наназад имавме почесто поплаки од самите сопственици на викендиците и хотелите дека преку летните месеци се појавува недостиг на вода и во тој случај туристите ги напуштаат убавите Малешевски планини и заминуваат во други туристички центри. Ценам дека не само сопствениците на туристичките објекти, не само туристите, туку и идните инвеститори ќе бидат задоволни од реализирањето на тој проект и во иднина со побрз интензитет ќе се отпочне со изградба на уште многу такви сместувачки капацитети кои се гледа дека се потребни за туризмот да се развива во општината – истакна градоначалникот на Општина Берово Драги Наџински.

Конкретно она што ќе биде направено во општина Сандански е реконструкција во паркот „Свети Врач“, т.е реконструкција на два водни објекти.
Инаку, 75 проценти од средствата за реализација на проекто кои се во висина од 500.000 илјади евра се обезбедени од ИПА компонентата на ЕУ со кофинансирање од општините учеснички. Изградбата на филтер станицата се очекува да биде завршена до почетокот на следното лето

Објавено од Канал Плус Телевизија

Канал Плус Телевизија

ПОВЕЌЕ

Делчево денес се збогува со тричленото семејство кое вчера ги изгуби животите во тешката сообраќајна несреќа

Делчевчани не можат да ја сокријат тагата по трагичната загуба за Делчево која се случи ...

Free mockups