ДОМА / МАГАЗИН / Интересно / Вкусната успешна приказна на штипското семејство во Дортмунд – ресторан ,,Астибо”

Вкусната успешна приказна на штипското семејство во Дортмунд – ресторан ,,Астибо”

Далеку од родниот град Штип, но сепак блиску – благодарејќи на вкусната успешна приказна која ја  раскажува семејството Јанев-Сарагиновски во Дортмунд, Германија.

Со симболично име ,,АСТИБО”, на  29 ноември 2013-та година, штипското семејство Јанев-Сарагиновски ги угости своите први гости во сопствениот ресторан на улицата Berghofer str.134  во Дортмунд. Големиот број на Македонци и Балканци кои живеат таму се речиси секојдневни посетители на ресторанот, нагостувајќи се со традиционалните македонски специјалитети, но и надалеку прочуената штипска пастрмалија, побудувајќи се поголем интерес и кај Германците, но и туристите од цел свет кои патот ги води во Дортмунд.

Сопственикот Зоран Јанев – Штипот, со гордост зборува за своето потекло и за потеклото на храната која ја сервираат, подготвена од вештите раце на готвачот родум Штипјанец, овозможувајќи топол пречек на своите гости во ресторанот со капацитет за околу 90 луѓе, а неодамна во ,,Астибо” беше организирана и наградна игра, при која најсреќниот гостин доби седумдневно патување во Охрид, Македонија со платен хотелски престој и авионски билет, за датум кој добитникот ќе го одбере.

Семејството  Јанев-Сарагиновски ја знае вредноста на зачинот за кој многу угостители копнеат – работата со многу љубов.

Погледнете …

 

Објавено од ХДТВ Канал Плус Телевизија

ПОВЕЌЕ

Делчево денес се збогува со тричленото семејство кое вчера ги изгуби животите во тешката сообраќајна несреќа

Делчевчани не можат да ја сокријат тагата по трагичната загуба за Делчево која се случи ...

Free mockups