ДОМА / Најнови вести / Источен регион / Беровската гимназија со свој претставник на Математичката Олимпијада во Бразил

Беровската гимназија со свој претставник на Математичката Олимпијада во Бразил

Уште еден огромен успех за ОСУ „Ацо Русковски“ од Берово. Ученикот во 2 година гимназија Милан Тасевски ке биде дел од националниот тим кој ќе ја претставува Македонија на Меѓународната Математичка Олимпијада која ќе се одржи во градот Рио де Жанеиро во Бразил.

-Тоа е огромен успех на нас како училиште и огромен успех за самиот ученик бидејќи од нашата земја само 6 ученици ќе ја претставуваат нашата држава на Меѓународната Математичка Олимпијада која ќе се одржи во Рио де Жанеиро. Милан е исклучително добар ученик кој покажа и докажа дека инвестирањето во знаењето, во учењето е најдобрата животна инвестиција – истакна директорот на училиштето Гоце Џалевски.

Натпреварот во Рио де Жанеиро ќе биде во два дена, а таму Милан ќе решава 6 проблеми. Тоа за младиот средношколец ќе биде само еден од низата натпревари на којшто има учествувано Тасевски кој поканата во националниот тим на натпреварот во Бразил ја заработи со учеството на голем број на национални олимпијади како и освоените два бронзени медали, еден од Иранската Геометриска Олимпијада, како и еден од Европскиот куп натпревар.

-Имав неколку национални и меѓународни олимпијади оваа година на кои покажав прилично добри резултати со оглед на тоа што обезбедив место во Македонската математичка репрезентација на Светска Олимпијада, и тоа за мене ќе биде најголемиот предизвик досега, бидејќи тоа е најпрестижната олимпијада на која може да учествува еден средношколец – истакна Милан Тасевски.

Инаку, Математичката Олимпијада ќе се одржи од 13 до 23 јули и на истата ќе учествуваат над 600 математичари од 115 земји.

Објавено од Канал Плус Телевизија

Канал Плус Телевизија

ПОВЕЌЕ

Делчево денес се збогува со тричленото семејство кое вчера ги изгуби животите во тешката сообраќајна несреќа

Делчевчани не можат да ја сокријат тагата по трагичната загуба за Делчево која се случи ...

Free mockups