ДОМА / Најнови вести / Економија / Бензините поевтинуваат за 1,5, а дизелот за 2,5 денари

Бензините поевтинуваат за 1,5, а дизелот за 2,5 денари

Бензините од ноќеска на полноќ поевтинуваат за 1,5 денари, а цената на дизел горвата се намалува за 2,5 денари по литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ).

Со одлуката се врши намалување на рафинериските и на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 6,52, односно 4,17 отсто.

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 62,5, а на ЕУРОСУПЕР БС-98, 64,5 денари за литар.

ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) ќе се продава за 48, додека Екстра лесното масло за домаќинство за 36,5 денари за литар.

Со одлуката на РКЕ за 1,176 денари за килограм се намалува и малопродажната цена на мазутот М-1 НС и ќе изнесува 25,206 денари за килограм.

Како причина за намалувањето на малопродажните цени на нафтените деривати од РКЕ ги посочуваат за 6,85 отсто пониската просечна цена на суровата нафта на светскиот пазар во изминатите 14 дена и за 0,94 отсто понискиот курс на доларот во однос на денарот.

Сподели:

Објавено од Каролина Михајловска

Каролина Михајловска

ПОВЕЌЕ

Извесен надоместот за околу 3000 стечајци, износот ќе се утври неделава

Последно пребројување на стечајците се врши деновиве, државата има средства за месечен надомест за околу ...

Free mockups